„Ла тераца“ ја доби концесијата за „Македонско село“: Ќе плаќаат 3500 евра месечно…


Фирмата „Ла тераца“ за месечна кирија од 3.500 евра го доби под концесија комплексот Македонско село во Горно Нерези. Толку плаќаа и претходните концесионери на Македонско село.

Според информациите од СОЗР закупецот е избран по пат ја електронска јавна аукција. Како што вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски, доколку закупецот се откаже од работата пред истекот на рокот од 15 години, се активира банкарската гаранција, а таа изнесува 5% од договорот за закуп.

Изградбата на Македонско село почна во 2011, во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со премиерот Никола Груевски, а беше официјално пуштено во употреба на 22 јуни 2016. Има 12 двокатни куќи. Секоја од нив претставува различен регион од Македонија. На долниот кат од куќите, според проектот, треба да се претстават различните занаети карактеристични за регионите, а горните катови да функционираат како хотел.

Според официјалните податоци, Владата во изградба на селото вложи 5,2 милиони евра.

Back to top button
Close