Лацио го назначи Сари за нов тренер

Јувентус активно работи на селекцијата - МИА

Италијанскиот фудбалски тренер Маурицио Сари е нов шеф на стручниот штаб на калчолигашот Лацио, соопшти попладнево римскиот клуб.

Сари, како што пренесуваат италијанските медиуми, потпишал двегодишен договор со екипата која минатата сезона заврши на шестото место во Серија А.

Минатата недела клупата на римскиот прволигаш, по петгодишна соработка, ја напушти Симоне Инзаги за да го преземе новиот италијански првак Интер.

Неговиот наследник во Лацио е без тренерски ангажман од август лани, кога беше ослободен од обврските во Јувентус по елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампиони.

Back to top button
Close