Лалана се договори со Брајтон

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Адам Лалана, ќе ја продолжи кариерата во Брајтон, изјави на Твитер новинарот на „The Athletic“, Енди Нејлор.

Триесет и двегодишниот Англичанец се согласи на договорот до 2023 година.

Лалана има одиграно 178 натпревари за Ливерпул на сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола. На 22 средби оваа сезона, тој еднаш се запиша во листата на стрелците.

Фудбалерот веќе се збогува со тимот во кој стана шампион на Англија, а исто така ги освои Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.

Back to top button
Close