Ламбрехт: Германија би можела да испрати повеќе војници во Литванија

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска изјави дека нејзината земја би можела да испрати повеќе војници во Литванија, која е членка на НАТО.
„Јасно е дека мораме да примениме построги мерки на одвраќање“, рече германската министерка на заедничката прес-конференција со нејзиниот литвански колега во Вилнус.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша укази за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), како и договори за соработка со нив.
Оваа одлука беше осудена од многу западни претставници.
„Сакам да нагласам дека сме подготвени да испратиме повеќе војници во Литванија и да укажеме дека сме заедно со нашите партнери, како и дека сме доверлив партнер во кризата“, рече Ламбрехт.

 

Back to top button
Close