Ламело Бол избран за најдобар „руки“ во НБА лигата

 Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, е избран за најдобар дебитант во НБА лигата, станувајќи со тоа само третиот играч во историјата на франшизата, кој ја освоил оваа титула, по Лари Џонсон (1991/92) и Емека Окафоро (2004/05).

Деветнаесетгодишниот Бол освои 465 поени во гласањето на 99 спортисти и телевизиски куќи, завршувајќи во изборот пред Тајрес Халибартон (Сакраменто) и Ентони Едвардс (Минесота).

Третиот избор на Шарлот на минатогодишниот драфт, Бол имаше просек од 15.7 поени по натпревар, 6.1 асистенции и 5.9 скокови. Поради повреда на зглобот попушти многу натпревари, а кога се врати на теренот на крајот од март, во последните 11 натпревари просечно постигнуваше по 15 поени, со шест асистенции и 5.7 скокови.

Back to top button
Close