Лапид: Планот на Трамп за завршување на војната во Газа не е совршен, но е најдобрата опција на маса


Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Газа не е совршен, но дека е најдобрата опција што е на масата.

Лапид тврди дека планот е многу сличен на оној што го презентираше пред една година на состаноците со клучните актери, жалејќи се за доцнењето во прифаќањето на идејата, објавува „Тајмс оф Израел“.

-Израел изгуби една година во која неговите војници и заложници загинаа, рече Лапид и истакна дека во тој период меѓународниот статус на Израел се уриваше пред неговите очи, а времето истекуваше.

Лапид го претстави планот на Трамп како единствена одржлива опција.

-И додека постојат проблеми со американскиот предлог, искуството од Авраамовите договори покажува дека методот на американскиот претседател Доналд Трамп функционира: поставете голема цел, направете временска рамка и разработете ги деталите во лет, рече тој.

Според планот на Трамп, Израел би ги вратил заложниците, би се повлекол од Газа, а воедно би ја зачувал својата безбедност и би ги проширил Аврамските договори, што се јасни израелски интереси, рече лидерот на израелската опозиција.

Според Лапид, најголемата закана за предлогот не се оние кои целосно би го отфрлиле, туку оние кои велат „да, но“, а таков пристап му го припиша на Нетанјаху, кој вчера го поддржа планот од Белата куќа.

-Тој обично вели „да“ во Вашингтон, кога стои пред камерите во Белата куќа и се чувствува како визионерски државник, и „но“ кога се враќа во Израел и „базата“ го потсетува кој е шефот“, нагласи Лапид.

Според него, идејата за анексија на Газа била луда од самиот почеток, а овој план го спасува Израел не само од деструктивна политичка и безбедносна ситуација, туку и од обидот да биде вовлечен во улогата на заостаната и огорчена Спарта, сиромашна и изолирана во светот.

-Мораме да кажеме „да“ на планот без „но“ и да работиме на негово непосредно спроведување и покрај сите пречки, заклучи Лапид.

Предлогот на Трамп, поддржан од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повикува на итен прекин на огнот во Газа, постепено повлекување на израелската армија, целосно ослободување на заложниците во замена за ослободување на стотици палестински затвореници и хуманитарна помош преку Обединетите нации.

Предлогот предвидува целосно разоружување на Хамас, кој би бил исклучен од управувањето со Газа, како и воспоставување преодна влада составена од палестински технократи и меѓународни експерти, под надзор на таканаречениот „Мировен комитет“ со кој претседава Трамп, а во кој би учествувал поранешниот британски премиер Тони Блер

Back to top button
Close