Лапорта: Куман останува на клупата на Барселона

Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта, потврди денеска дека холандскиот стратег Роналд Куман и следната сезона ќе биде тренер на каталонскиот клуб.Одлуката Куман да остане на клупата на Барселона ја донеле членовите на Управниот одбор на клубот.

– После кратко размислување, одлучивме да продолжиме со Роналд Куман, кој има важечки договор. Водевме искрени разговори и однесувањето на тренерот беше беспрекорно. Најдовме решенија за разликите што постоеа. Размислувавме во насока што е најдоброто за Барселона и среќни сме поради оваа одлука, изјави Лапорта.

Барселона во дебитантската сезона на Куман на клупата сезоната во Примера ја заврши на третото место зад мадридските ривали Атлетико и Реал, но го освои Кралскиот куп.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close