Ларкин се прости од дресот на Турција
Плејмејкерот на кошаркарската репрезентација на Турција Шејн Ларкин реши да стави крај на настапите во дресот на репрезентацијата. По освоениот сребрен медал на Евробаскет искусниот играч одлуката ја соопшти на социјалните мрежи.
– Пред седум години се согласив да настапувам за Турција без големи очекувања и седум години потоа се чувствувам дека ова е мој втор дом. Начинот на кој бев прифатен и ме поддржаа не може да се опише, иако главната цел не беше остварена, а тоа беше освојување на златниот медал. Поддршката што ја добивавме од целата земја, е повеќе од самиот медал, напиша Ларкин.
На крајот од пораката на турски јазик напиша: беше чест и привилегија да се носи дресот и да се игра за Турција. Засекогаш ќе бидам еден од Вас.
Ларкин на европскиот шампионат имаше во просек 11,6 поени и 5,1 асистенции.