Ларнака им се приклучи на Лувен и Никшиќ како „Европска престолнина на културата за 2030 година“

Кипарскиот град Ларнака беше официјално прогласен за „Европска престолнина на културата 2030 година, со што им се приклучи на белгискиот Лувен и црногорскиот Никшиќ, кои од претходно ја добија оваа титула.

Со ова Ларнака станува втор кипарски град „Европска престолнина на културата“ по Пафос, која ја носеше оваа титула во 2017 година. Културната програма на Ларнака има за цел да го врати фокусот на „антропијата“ – фундаменталниот принцип на тоа „да се биде човек“ – како заедничка основа во сите нејзини форми, без разлика дали се физички, ментални или емоционални, со што би се поттикнале заедништвото, заштитата на ранливите и грижата.

Секоја „Европска престолнина на културата“, може да добие награда од Европската комисија во износ до 1,5 милиони евра преку програмата „Креативна Европа“, како признание за квалитетот на нејзиниот подготвителен процес.

Со добивањето на оваа титула, градовите имаат корист од трајно и позитивно влијание во привлекувањето туристи и културни настани, кои поттикнуваат инвестиции и социјална инклузија. Помеѓу 2013 и 2022 година, градовите „европски престолнини на културата“ организирале во просек од 1.000 до 1.200 културни настани годишно, привлекувајќи 38,5 милиони посетители, при што бројот на туристи што ги посетиле се зголеми за 30 до 40 отсто.

Идејата за „Европска престолнина на културата“ потекна во 1985 година од тогашната грчка министерка за култура, Мелина Меркури. Оттогаш оваа иницијатива прераснаа во еден од најамбициозните културни проекти во Европа, што дава можност за прослава на различноста, поврзување заедниците и промоција на локалниот и регионалниот развој.

Инаку, „Европска престолнини на културата“ за 2028 година е Скопје, заедно со чешкиот град Чешке Будјовице и францускиот Бурж.

Back to top button
Close