Латас и Ивона ја клеветат полицијата по странски медиуми

Новинарите Ивона Талевска и Драган Павловиќ – Латас во странски медиуми неосновано изнесуваат клевети за полицијата, а до пред само шест години тие беа блиски соработници со режимот на Груевски, кога земјава беше оценета како заробена држава и кога од „бомбите“, јавноста имаше можност да слушне како се злоупотребувало Министерството за внатрешни работи за партиски цели, пренесува Фокус.мк

Тие изнесуваат шпекулации и полувистини поврзани со двојното убиство во кое беа убиени 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежоски. Со ваквите клевети Латас и Талевска се обидуваат да ја искритикуваат работата на полицијата и да претстават дека тие, како новинари, имаат повеќе и попрецизни информации од службите.

Латас во изјава за „Прва“ вели дека тој редовно неколку часа пред полицијата ги добива информациите за движењето на осомничените за убиствата, што само го отвора прашањето зошто тогаш ги крие ваквите информации и не ги споделува со полицијата за да помогне во истрагата.

Од друга страна, Талевска шири дезинформации дека нивото на безбедност во Скопје било ужасно и дека харале криминални банди по улиците.

Реалноста за среќа е поинаква и полицијата и службите брзо го разрешија случајот со грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, а дел од осомничените и притворени сторители веќе и го признаа делото, поради што ваквите клевети на Талевска и Латас се само политичка пропаганда.

Преземено од Фокус.мк

Back to top button
Close