Латас најави контра-тужба за Ленче Ристоска: Ја споменала мојата фамилија
Новинарот Драган Павловиќ-Латас денеска преку јавна реакција соопшти дека ќе поднесе тужба за клевета против јавната обвинителка Ленче Ристоска, поради, како што тврди, неточни наводи изнесени на судското рочиште по нејзината тужба за клевета против него.

Според Латас, Ристоска во судница спомнала членови на неговото семејство, при што тој тврди дека изнесеното не било точно и дека тоа лесно може да се докаже. Поради тоа, најави дека ќе покрене контратужба за клевета.
„Обвинителката Ленче Ристоска, една од ʼониеʼ извикани обвинители на СЈО, по тужба за клевета против мене денес пред судот спомнала моја фамилија… Прво, спомнатото не е точно што е лесно докажливо и следи моја тужба за клевета против Ленче Ристоска.
— реклама —
Да, таа Ленче што се кандидира за Вишо обвинителство и не ја примаат, за судија во СЧП во Стразбур – ја одбиваат, еве ја сега се кандидира за трето нешто – за државен (републички) јавен обвинител со целиот багаж и хипотека од СЈО.
Но, кога одбрала да влегува во фамилии редно е да се потрудам и истражам, и секако потоа објавам, каков е крајот на судската кариера на нејзиниот татко.
Крајот е срамен, според сечиј вредносен суд, и Ленче ќе биде заслужна што ќе биде и јавно познат“, напиша Латас.






