Лавров: Има шанси за зачувување на нуклеарниот договор со Иран

– Москва и Техеран ќе ги вложат сите напори да го поддржат Заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма и веруваат дека се уште има шанси да се зачува нуклеарниот договор, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. по средбата со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф во Москва.

-Убедени сме дека се уште постои шанса Заедничкиот сеопфатен акциски  план да се врати на одржлив пат. На крајот на краиштата, ние и нашите ирански пријатели не се штедиме во тоа, рече Лавров.

Тој додаде дека Кина, исто така, се придржува кон оваа позиција и дека европските потписнички на Акцискиот план продолжуваат да покажуваат интерес за тоа, пренесува Тасс.

Лавров изјави дека Русија смета дека САД водат деструктивна политика, чија цел, како што потврди, е целосно уништување на овој акциски план и другите договори од областа на контролата и неширењето на вооуржувањето.

Лавров додаде дека Русија не гледа причина за наметнување ембарго за вооружувањето кон Иран на неодредено време, истакнувајќи дека и Советот за безбедност на ОН никогаш не наметнал ембарго за оружје на Иран „во целосна смисла на зборот“.

-Советот за безбедност поведе постапка заснована врз авторизација на испораката на одредени видови оружје во Иран, за одреден временски период, што истекува во октомври, рече Лавров.

Тој оцени дека секој обид да се искористи моменталната состојба за да се продолжи овој режим, па дури и да се наметне ембарго за вооружување на неодредено време, нема правна, политичка или морална основа. сд/

Back to top button
Close