Лавров: Москва предлага воспоставување нов формат на Кавказ

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска објави дека официјална Москва предлага воспоставување нов формат на Кавказ, јави агенцијата Анадолија.

Новиот формат ќе се состои од три кавкаски држави (Ерменија, Азербејџан и Грузија) и нивните три „големи соседи“ – Русија, Турција и Иран.

Шефот на руската дипломатија, на прес-конференција по состанокот со својот ирански колега Хосеин Амирабдолахијан во Москва,  рече дека форматот ќе се занимава со безбедносни прашања, деблокирање на економските и сообраќајните врски.

Според него, позитивен став кон иницијативата изразиле Иран, Турција и Азербејџан.

– Работиме со колеги од Ерменија. Се надеваме дека Грузија, и покрај сите проблеми со кои се соочува, ќе може да го види својот интерес да создаде таков механизам за консултации и координација на решенија за забрзан развој на овој регион, кој долго време беше попречен од тековните конфликти, рече Лавров.

Back to top button
Close