Лавров: Путин не е болен, секој ден се појавува во јавноста

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска ги демантираше шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин е болен, па дури и мртов, а тоа се крие со двојник, како што соопштија британските разузнавачи.

Во интервју за француската телевизија Лавров изјави дека Путин секојдневно се појавува во јавноста и дека „никој со здрав ум“ не може да забележи знаци на болест.

Лавров изјави дека рускиот лидер секојдневно се појавува во јавноста, дека може да се види на екраните, да се читаат и слушаат неговите говори.

-Мислам дека разумните луѓе не можат да видат знаци на болест или неволја кај оваа личност. Оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да видат кој и како изгледа, рече Лавров во интервјуто за француската телевизија.

Back to top button
Close