Лавров: Русија е подготвена да преговара штом украинската армија го остави оружјето

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски лаже кога тврди дека е подготвен да разговара за неутралниот статус на Украина, јавуваат руските агенции.

Шефот на руската дипломатија додаде дека не гледа можност Москва да ја признае сегашната украинска влада како демократска.

Лавров рече и дека „никој не планира да ја окупира Украина“.

Русија е подготвена за преговори веднаш штом украинската армија ќе го остави оружјето

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена за преговори за Украина во секој момент, штом украинските војници го положат оружјето.

„Руската Федерација е заинтересирана Украина да престане да биде земја под надворешна контрола и да не се користи како средство за ограничување на Москва“, рече Лавров, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека тоа е надворешна контрола насочена кон поттикнување неонацизам, геноцид врз Русите и користење на Украина како алатка за ограничување на Русија.

Back to top button
Close