Лавров: Со употребата на ракетите ATACMS Западот сака ескалација
Употребата на ракети АТАКМС на територијата на регионот Брјанск во Русија е сигнал дека Западот сака ескалација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
На прес-конференцијата на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, Лавров нагласи дека таквите напади би биле невозможни без учество на САД и предупреди дека Москва ќе реагира на дозволата на САД Киев да изврши удар длабоко на руска територија.
„Фактот што вечерва неколку пати беше употребен ATACMS е сигнал дека сакаат ескалација. Без Американците е невозможно да се користат овие високотехнолошки ракети, за кои зборуваше и претседателот на Русија (Владимир Путин). Тој исто така напомена дека ќе се промени нашата позиција ако се одобри дострелот од 300 километри. Во суштина, ова не е одобрение за Украина да користи ракети со долг дострел, тоа е едноставно најава дека сега ние ќе пукаме до 300 километри“, рече Лавров, пренесе Тас