Лавров: Тешко дека ќе ги повлечеме мировните сили од Транснистрија

– Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва тешко ќе го прифати барањето на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду, за повлекување на руските мировни сили од Транснистрија (Придњестовска Молдавска Република).

– Не ни е најјасно што мислеше Санду кога рече дека треба да се повлечат руските мировни сили, но тоа нема да помогне во решавање на прашањето и ќе биде навистина тешко да се прифати такво неодговорно барање, исткана Лавров.

Тој додаде дека „за одржување на добрите односи со која било држава потребно е да се почитуваат интересите на двете старани, како и претходните договори“.

Лавров истакна дека руските мировници се расопредени во конфликтната зона во согласност со договорот што го постигна работната група „Пет плус два“ под покровителство на ОБСЕ, и оти нивната цел е да се одржи мир во регионот.

Придњестровие е автономна проруска област во составот на Молдавија, но всушност од 2 септември 1990 година е независна територија.

Back to top button
Close