Лавров за откажувањето на посетата на Србија: Нашите односи со Србија никој, повторувам, никој нема да ги уништи 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е без преседан одлуката за забрана за прелет на неговиот авион поради што ја откажа посетата на Србија.

На вонредната прес-конференција, која беше свикана наместо да патува во Белград, Лавров рече дека тоа е политика на двојни стандарди.

– Тие ќе кажат дека тоа им го кажале ЕУ и НАТО, а НАТО и ЕУ ќе кажат дека земјите сами одлучуваат, рече Лавров.

– Нека ви биде јасно, нашите односи со Србија никој, повторувам, никој нема да ги уништи, рече Лавров, додавајќи дека во Москва бил наречен министер за надворешни работи на Србија.

„Се случи нешто незамисливо. На суверена држава и е одземено правото да води надворешна политика. Меѓународните активности на Србија во руска насока се блокирани“, рече Лавров на прес-конференција.

Според него, разговорите во Србија требало да бидат од поширок спектар, а требало да се зборува и за Косово и БиХ.

– НАТО и ЕУ сакаат да го претворат Балканот во свој Балкан, наречен Затворен Балкан и сега ни е тешко да изведеме поинаков заклучок, рече тој.

Според него, политиката денеска е насочена кон антируски правец, а потсети и на „воено-поттикнувачката“ изјава на Жозеп Борел.

– Јасно ви е колку ги чини Црна Гора и Северна Македонија членството во НАТО и зошто на НАТО му се потребни такви земји – да одржуваат антируска политика и закана, да бидат нивни бази за таква политика, додаде Лавров.

Back to top button
Close