Лазаров пред Мундијалот: Не се плашиме од никого!
Во македонската ракометна репрезентација владее самодоверба пред новото Светскот првенство на кое избраниците на Кире Лазаров ќе имаат за цел пласман во втората рунда.
На денешната прес-конференција селекторот Лазаров потенцираше дека Македонија е единствената земја во регионт со континуитет на големите натпреварувања. Нашата низа трае уште од Европското првенство во 2012 година.
„Мило ми е што повторно ја израдувавме македонската јавност и се пласиравме на важно Светско првенство. Со почеток од 2012 година, па до денес имаме страшен континуитет што за една мала држава значи многу. Зад нас се 14 големи натпреварувања во низа и со тоа не можат да се пофалат нашите соседи. Се надевам така ќе продолжиме и во иднина“, изјави Лазаров.
Се потсети Лазаров и на настапите на првенствата во 2009 и 2018 година.
„Од Хрватска имаме позитивни искуства и се надевам така ќе биде и по овој настап. Знаеме дека ќе имаме поддршка од публиката, тие ќе бидат наш осми играч и во клучните моменти ќе ни ја дадат потребната поддршка. Ракометот во Македонија на добар пат и допрва ќе следат поголеми успеси, секого ќе почитуваме и нема да се плашиме од ниту еден ривал“, порача селекторот (sportski.mk)