Лажна дојава за поставена бомба во кочанско училиште – учениците биле евакуирани
Денеска, во училиштето „Св, Кирил и Методиј“ во Кочани била приена дојава за поставена бомба, при што учениците од предметна настава биле евакуирани.

Како што се вели во соопштението од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, служби од МВР веднаш извршиле проверка, а било констатирано дека дојавата е лажна. Не постои никаква опасност за безбедносста на учениците и вработените во училишниот објект.
Наставата продолжува непречено, согласно боспоставената динамика.






