Лажна е веста за фотографиран сом во Велешкото езеро

Фотографија од огромен сом под површината на водата, за која се тврди дека е фотографирана денеска во водите на велешкото езеро „Младост“ всушност е лажна.

Станува збор за постара фотографија која преку сервисот на Гугл може да се провери дека потекнува од Русија, поточно десетина нивни портали, а споделувана е и на повеќе фан страници на Фејсбук.

Македонските портали кои ја објавија веста, тврдат дека ја објавил велешанец, кој на фејсбук има профил со име Nik Morisson.

Како извор е наведен порталот: Батали.нет

Back to top button
Close