Лажна ФБ страница на ЈСП нуди бесплатен јавен превоз
ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека лажна Фејсбук страница се претставува како Јавен превоз во Скопје и го злоупотребува името на ЈСП Скопје.
„Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје нема никаква поврзаност со оваа Фејсбук страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува иако во некои случаи споделува наши содржини за да манифестира поврзаност со нас. Токму затоа сакаме да ја известиме јавнoста да не наседнува на ваквите лажни фејсбук страни и лажни статуси по социјалните мрежи кои имаат една цел, а тоа е да наштетат на работата на Јавното сообраќајно претпријатие, се вели во објавата на ЈСП Скопје на нивната Фејсбук страница.
Како што велат од ЈСП, лажната страница и содржината што ја споделува веќе ги пријавиле на Facebook како измама, а претпријатието ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.
Тие потенцираат дека ова е единствената нивна официјална страница на Фејсбук