Лажна изјава на Катица Јанева се шири на Фејсбук
Изјавата на фотографијата е измислена. Таква изјава Јанева јавно или официјално не кажала. Оваа изјава веројатно потекнува од дезинформации/пропаганда на социјални мрежи. Очигледно е дека целта на објавата е политички да поентира преку ширење лажни вести и дезинформации, пишува „Вистиномер“

Во продолжение ви го пренесуваме текстот во целост:
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Фекалиите испливаа на површината.
Објавата е придружена од фотографија на која се наоѓа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, а на неа има и текст, односно наводна изјава на Јанева која гласи:
ЈАС НЕ БЕВ ПОСТАВЕНА ДА ОТКРИВАМ КРИМИНАЛ МЕНЕ МЕ ПОСТАВИЈА ЗА ДА ЈА РАЗНЕБИТАМ ВМРО И ДА ГИ ПОЗАТВОРАМ ТИЕ ШТО ЌЕ ДАВААТ ОТПОР ЗА ДА ЈА ОСИРОМАШИМЕ И ДА ЈА РАСТАРЧИМЕ МАКЕДОНИЈА, СТРАНСКИ СЛУЖБИ НИ ПОМАГАЈА. ГЛАВНИТЕ СЕ ДИМИТРОВ ЗАЕВ И ШЕКЕРИНСКА…
Вака припишаната наводна изјава на Катица Јанева, како што може да се види под објавата, предизвикала навредливи и недолилчни коментари.


Од Вистиномер ја побарале оваа наводна изјава на поранешната специјална јавна обвинителка, но не успеале да ја најдат.
Текстот на фотографијата, во кој се тврди дека Јанева признала оти била поставена „да ја разнебитам ВМРО, да ги затворам оние што ќе давале отпор…“ и слично, не одговара на ниту еден јавен, проверен цитат од неа што може да се најде во кредибилни медиуми или официјални извори. Нема записи во проверени вести каде Јанева лично би рекла такви работи.
Нема докази дека Катица Јанева навистина дала таква изјава, како што стои на фотографијата.
…






