Лажна вест е дека почина медицинската сестра која се онесвести по вакцинирањето проитв Ковид-19

 

Станува збор за медицинската сестра Тифани Довер, која се онесвести на телевизиска прес конференција само 17 минути откако ја прими вакцината против ковид 19. Таа зборуваше зошто е важно здравствените работници да се вакцинираат. После неколку денови, таа изјави дека има синдром што предизвикува да се онесвестува кога и да почувствува болка, додавајќи дека не е скептична за вакцината и дека не е загрижена за нејзините несакани последици. Голем дел од медиумите и новинарите од светските новински куќи коментираа дека не е добра идејата изјави на телевизија да дава медицинска сестра за која е познато дека има склоност кон онесвестување откако ќе почувствува болка, затоа што тоа може да доведе до погрешен контекст, односно луѓето погрешно да заклучат дека онесвестувањето има некаква врска со вакцинацијата, што не е случај. Синдромот што го има Довер се вика Vasovagal Suncope, име кое е дадено за да се опише ненадејно онесвестување од тригери како болка, игли, дехидратација или глад.

Меѓутоа, во постот кој што го рецензираме и го оценуваме како невистинит, ниедна од овие информации кои подобро може да го објаснат контекстот, не се наведени! Само се наведува дека медицинската сестра изгубила свест во директниот телевизиски пренос по вакцинирањето со фајзеровата вакцина.

Освен тоа, Центарот за контрола и превенција на болести посочува дека добиле извештаи за луѓе кои се онесвестуваат после речиси секоја возможна вакцина.

Но, постот кој го рецензираме оди и чекор понатаму, лажно тврдејќи дека Довер починала. Медиумите веќе објавуваат дека ова не е вистина, повикувајќи се на твит од болницата во кој се информира јавноста дека таа е добра и жива.

Болницата (CHI Memorial Hospital) потврди дека Довер е добро и жива. Медицинската сестра Тифани Довер се заблагодарува за загриженоста за нејзиното здравје. Таа е дома и е добра. Таа бара приватност за себе и за нејзиното семејство, напиша болницата.

Покрај ова, на 21. декември на Твитер појави и краток видео клип во кој се гледа сестра Тифани окружена со своите колеги од болницата:

 

Оттука, ниту е вистина дека Довер се онесвестила поради фајзеровата вакцина, ниту е вистина дека починала по примањето на вакцината.

Back to top button
Close