Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

Не е прашање кои европратеници овозможија еден Извештај на ЕП конечно да констатира дека Северна Македонија е ставена во “српскиот свет”.

Вистинските прашања се:

1. Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

2. Кои и за какви цели во домашните медиуми, економија, нво-и… во тоа им помагале?

3. Какви се нивните (семејни) (об)врски со југо-советската, денес српско-руската олигархија произлезена од транзицијата?

4. А што конкретно во оваа констатација од Извештајот е на штета на Северна Македонија?

Што кажува овој Извештај, а со децении не е укажано од нас самите?

Кому констатацијата во Извештајот всушност му нанесува “штета”? Нам, Македонците секако не.

Нашето ставање во потчинетост кон “српскиот свет” е врвното предавство кон сопствениот народ и нација кое сега заеднички сакаат да го премолчат и политичарите и медиумите и “либералите и прогресивците” – и амбасадите.

Оти тоа се случуваше пред нив и – со нивно учество?

– Со транзицијата потчинета на шверцот за потребите на Милошевиќ,

– Со држење на спорот за името со Грција активен и со Гостивар 1997 за бегање од членство во ЕУ со Словенија,

– Со постојано форсирање теми за размена на територии, федерализација и блокирање на Коридорот 8 за антагонизам кон Албанците и Бугарите,

– Со влегувањето и особено со останувањето во “Отворен Балкан”,

– Со окупацијата на источниот дел на РСМ од криминалците на југословенските служби со македонска значка. Тој последно го убива Кочани, а испразни се од Крива Паланка до Струмица.

Но, колку што ова е грев на политичарите, толку е на “либералите и прогресивците”.

Со замени на тезите, нивната задача беше да ги натераат “Провинцијалците”, “Шиптарите”, “Сечените”… – да им докажуваат лојалност – како што тие им се докажуваа на своите шефови.

Селектирани и од западните амбасади во раните 1990-ти како деца и внуци на припадници на ју-службите и/или на СКМ, тие станаа “академски” и “бизнис-коморски” декор во дебата, сопственици или уредници на медиуми, “влијателни” невладини организации – “прозападни” додека има грантови.

И за нив, мистериозно, отворени се сите регионални медиуми – формирани на ист начин.

Извештајот на ЕП ги отвори тешките прашања:

– системското одведување на Северна Македонија во “српскиот свет” за да остане вон европскиот и

– отворањето на досиејата на ју-службите.

Извештајот удри во срцевината на антиевропскиот сентимент што југословенско Скопје го финансира низ корупција од секаков вид и злоупотреба на јавните буџети.

Останува да им го игнорираме лелекот на лажните либерали и прогресивци во традиционалните медиуми и партии, на кој ќе му се придружат “Белград бојсите” и нивните коморашки другарчиња.

Back to top button
Close