Лажни пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, Куманово и струшко

 Лажни се сите пријави за наводно поставена експлозивна  направа во 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко.
-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 училишта во Скопје, две во Куманово и девет во струшко по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, како што велат од МВР, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Back to top button
Close