Лажни се дојавите за бомби кои денеска стигнале до 30 скопски училишта

Од Министерството за внатешни работи (МВР) претходно денеска информираа дека до 8:20 часот утринава кај нив било пријавено дека 18 училишта во Скопје добиле заканувачки пораки, но потоа вакви пораки добиле уште 12 училишта во главниот град.

Лажни се и денешните дојави за бомби кои утринава биле испратени на мејл-адресите на 30 скопски училишта.

Од Министерството за внатешни работи (МВР) претходно денеска информираа дека до 8:20 часот утринава кај нив било пријавено дека 18 училишта во Скопје добиле заканувачки пораки, но потоа вакви пораки добиле уште 12 училишта во главниот град.

Дојави за бомби повторно уште рано изутрина пристигнале на адресите на 18 училишта

По добиените пријави, антитерорискички тимови на МВР излегле на терен, а по проверките во училиштата се утврдило дека и денешните дојави за бомби се лажни.

„Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“,информираат од МВР.

Како мерка за справување со сè поинтезивираните дојави за бомби, претседателката на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, попладнево на прес-конференција го повика Министерството за внатрешни работи деноноќно да ги обезбедува школите. Од партијата упатија повик и до МОН веднаш да изнајде начин за учениците да ги надокнадат изгубените часови поради дојавите за бомби.

ВМРО-ДПМНЕ бара од МВР 24 часа да ги обезбедува училиштата поради дојавите за бомби

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска во изјава за медиумите рече дека бидат разгледани нови мерки и во делот на безбедноста и во делот на проблемите во училиштата поради дојавите за бомби.

Back to top button
Close