Лажни се пријавите за експлозивни направи во скопските основни и средни училишта

 

– Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се лажни пријавите за наводно поставени експлозивни направи во основни и средни училишта во Скопје.

Според МВР, веднаш по добиените пријави полициски службеници преземаа мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки.

-Денеска во 15:55 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 13 основни и 6 средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира МВР.

Back to top button
Close