Лажно се прикажал како дипломиран правник, СВР Охрид му поднесе кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „измама во службата“, информираат од МВР.

– При вонредна контрола во Јавната здравствена установа Општа болница – Охрид, извршена од финансиски контролори од Фондот за здравствено осигурување, било констатирано дека А.Н., во својство на секретар во Општа болница – Охрид, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, на претпоставениот директор му поднел лажна документација со пресметки на плата и исплатни листи за периодот од 01.01.2019 до 31.10.2021, велат од МВР и додаваат дека посочениот вработен лажно прикажал повисоки коефициенти за пресметана месечна плата за себе, лажно прикажувајќи се како самостоен стручен соработник – дипломиран правник со правосуден испит, лажен-неоснован коефициент за раководење и одговорност, кои самиот си ги одобрил. Врз основ на тоа му биле исплатени повеќе средства во износ од 77.357 денари.

Back to top button
Close