(ФОТО) „Лазо Ангеловски“ осамна без ученици и со транспаренти за поддршка на третоодделенецот
Повеќе од 1.500 ученици денеска не се појавија на настава во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, по одлуката на Советот на родители за бојкот додека не се реши проблемот со насилниот третоодделенец, но училиштето осамна со транспаренти за поддршка на ученикот, пишува Независен.
„Издржи мали, со тебе сме!“ пишува на едниот транспарент распнат на оградата на училиштето, а на другиот може да се прочита заканувачка порака „Малиот тука ќе учи!!!“
Дека наоѓањето решение за проблематичниот ученик се политизира стана јасно уште кога по препорака на социјалните служби ученикот да ја смени училишната средина, се бараша ново училиште на територијата на Аеродром кое е волно да го прими ученикот. Тоа не се случи, Сите основни училишта во Аеродром одбија да го примат проблематичниот ученик. Потоа, по барање на родителите ученикот да биде испишан од „Лазо Ангеловски“, се бараше примање на тој ученик во ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар, за што првично беше потпишана согласност од директорката, за подоцна самата да ја поништи согласноста, откако родителите на неформален начин стигнале до досието на ученикот и сфатиле дека се работи за ученик со проблеми во однесувањето. Неколку портали повеќепати оркестрирано објавуваа текстови во кои се твдрше дека градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вршел притисок врз директорката на „11 Октомври“ детето да биде запишано во тоа училиште. Ова никогаш не го потврди директорката.
…