ЛДП Центар со апел до институциите да го расчистат случајот со пожарот во фабриката „Треска“

Општинската организација на Либерално демократската партија на општина Центар затекната поради  настанатиот пожар кој што се случи вчера во попладневните часови во општина Центар, а кој зафати голем дел од објектот од поранешната фабрика Треска, сака да упати апел до сите институции кои се надлежни и имаат обврска да дејствуваат во насока за разрешување на оваа несакана ситуација, што побрзо да излезат со конкретни информации за расчистување на случајот.Ова не е прв случај во ниту општина Центар и ниту во другите општини во градот Скопје да горат објекти под сомнителни, за граѓаните непознати околности. Да ги потсетиме граѓаните на случајот во општина Центар пред неколку месеци гореа старите бараки во парк позади Ресторанот Томче Софка, а ова е втор пат пак да биде опожарена фабриката Треска.

Затоа, уште еднаш повикуваме сите надлежни институции веднаш да излезат на терен и да ги разрешат сите дилеми, се со цел во јавноста да не се шират дезинформации и лажни вести.

Благодарност за  брзата реакција на Противпожарната единица и на СВР Скопје, кои спречија овој немил настан да биде фатален по човечките животи на граѓаните на општина Центар.

Ја повикуваме и општина Центар заедно со останатите надлежни институции за што побрзо донесување на ДУП-от за оваа градска четврт, секако земајќи ги предвид барањата на сите засегнати страни, а пред се потребите на жителите на општина Центар, а особена на жителите на оваа градска четврт.

Очекуваме брза реакција, а Општинската организација на Либерално демократската партија на општина Центар будно ќе го следи целиот процес и соодветно ќе реагира кај надлежните институции.

Back to top button
Close