ЛДП: Игрите на ВМРО-ДПМНЕ го доведуваат во прашање целиот процес на избори

Доколку ВМРО ДПМНЕ не ги гласа министрите што сами ги предлагаат зашто ние би ги гласале истите? До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?”, прашуваат од ЛДП во денешното соопштение

Според Либерално-демократската партија (ЛДП) сите политичариимаат обврска да учествуваат во изборот на техничката влада која има за цел да го гарантира успехот на изборите.

„Неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ да се воздржи од гласање за техничката влада и да говори дека истата нема да има легитимитет. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа министрите што сами ги предлагаат зашто ние би ги гласале истите? До кого тие ќе ги предложат своите министри ако тврдат дека техничкиот премиер нема легитимитет?” прашуваат од ЛДП во денешното соопштение.

Според нив, нелогично е другите политички партии, како и ЛДП да им дадат поддршка на нивните министри кога тие самите велат дека нема да си ги поддржат предлозите кои ги даваат.

„Потсетуваме дека со игрите кои ги води ВМРО-ДПМНЕ самите свесно го доведуваат во прашање целиот процес на избори” реагираат од ЛДП.

Како што додаваат од партијата, несериозни се изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и тоа не е потег на партија која и мисли добро на државата.

Back to top button
Close