ЛДП утре на конгрес го избира новиот лидер

Утре, на 8-миот конгрес на Либерално-демократската партија под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, партијата ќе го избира новиот претседател.

Свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на партијата Моника Зајкова, а покрај неа на настанот освен делегатите ќе присуствуваат и голем број на странски гости, а ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална Интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските Либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДП

Зајкова доаѓа на местото на Горан Милевски, кој одлучи да се повлече од лидерското место во Либерално-демократската партија (ЛДП) но и од позицијата министер за локална самоуправа. Тој претходно кажа дека не постои раздор во партијата и дека се повлекува поради приватни причини.

Back to top button
Close