ЛДП: Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу е недозволиво во демократска држава

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу е недозволиво во демократска држава, реагираат од Либерално демократската партија.

-Ние како Либерал-демократи посочуваме дека новинарот Салиу ниту некогаш бил обвинет за тероризам, ниту претставувал каква било безбедносна закана за да сведочиме вакво радикално однесување од страна на полицијата, додаваат од партијата.

Според ЛДП новинарите, а пред се младите новинари треба да се охрабрат што почесто да ги искажуваат своите мислења и ставови кон одредени теми, затоа што така постепено ќе ја доближат демократијата блиску до граѓаните.

-Основна функција на полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството. Полициските службеници пак, треба го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело, додаваат од ЛДП

Back to top button
Close