Леао: Имаме време да се вратиме на позитивните резултати
– Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао го искористи Инстаграм за да испрати порака по поразот од Лацио со 1-2, што беше трет по ред за „росонерите“ во Серија „А“.
Натпреварот го одбележаа протестите на навивачите на тимот поради слабите резултати оваа сезона.
-За жал, ние сме против се и секого. Имаме уште време да се вратиме на позитивните резултати, а групата ќе продолжи да биде пообединета од кога било, напиша Леао на тимската фотографија од синоќешниот натпревар, која ја прикачи на социјалната мрежа.
Португалскиот крилен напаѓач е меѓу најкритикуваните играчи на Милан, откако оваа сезона на 38 натпревари во сите натпреварувања постигна 10 гола и имаше 8 асистенции