Леброн: Пласманот во финалето нема да значи ако не стигнеме до трофејот

- Пласманот во последната серија нема да значи ништо, доколку не го освоиме трофејот. Нашата цел е јасна. Морам да го завршам случајот. Затоа дојдов во Лејкерс. Ги слушнав сите озборувања за мене и за тоа зошто решив да се преселам во Лејкерс. Но, тоа не ме спречи на патот кон целта, изјави Леброн за „ЕSPN.com“.
Лејкерс во финалето ќе играат со поуспешниот од серијата Бостон – Мајами (2-3 моментален резултат).






