Леброн продолжува да „крши“ рекорди

Леброн Џејмс не планира да даде индикација за потенцијален крај на неговата одлична кариера. 35-годишниот лидер на Лос Анџелес Лејкерс забележа „дабл-дабл“ сезона во просек од 25,3 поени и 10,2 асистенции по натпревар, откако влезе во рекордите во Лигата уште еднаш.

За прв пат во својата кариера, Џејмс ја водеше сезоната со најмногу асистенции по натпревар во сезоната со своите 10,2 (личен рекорд) и исто така стана единствениот играч во историјата кој забележа просек од 25,0+ поени и 10,0+ асистенции по натпревар на возраст над 30 години. Кралот е исто така најстариот асистент предводник во НБА лигата за една сезона.

И не само ова. Ова е 17-та последователна сезона на Леброн, во која тој постигна најмалку 1.500 поени. На овој начин, тој се изедначи со легендата Карим Абдул-Џабар, кој исто така има 17 последователни кампањи со најмалку 1.500 поени.

Неговиот тим заврши бр.1 во Западната конференција со биланс од 52-19 и веќе го чека победникот на серијата меѓу Портланд Трејлблејзерс и Мемфис Гризлис, за да го започне своето патување до титулата.

Back to top button
Close