Лефков: Извештај од банка за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи
„Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе знаела дека на лагата и се кратки нозете. Очигледно не знае, па тука сме да и го кажеме тоа. Бисера Антоанета лаже кога вели дека купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи од приватна картичка. Вистината е дека Бисера Антоанета купила куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со државни пари“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Тој го презентираше „месечниот извештај за Виза бизнис картичката сопственост на Министерството за култура
Потенцираше дека „ова е извештај од банка доставен за клиентот Министерство за култура, Бисера Антоанета, за службена картичка. Овој извештај е доставен архивиран во министерството за култура, а го доставила лично Антоанета“.