Лекари и медицински персонал од штипска Физикална терапија обучени за рехабилитација на пациенти со изгореници

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше за МИА Никола Костадинов физијатар на Одделението за Физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Тој истакна дека со македонските тимови работеа со сертифициран тим од доктори специјализирани за тренинг рехабилитација на пациенти со изгореници. Лекарите и медицинскиот персонал се ангажирани за рехабилитација на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Обуката беше интензивна и сакам искрено да се заблагодарам на докторот и неговиот тим за несебичното помагање во стекнување на знаење, искуство и вештини во областа на рехабилитација на изгорениците, рече Костадинов.

 

Тој додаде дека по добиентите сертификати, обучените лекари и медицински персонал освен што се вклучени во рехабилитација на повредените во двете болници ќе можат и тие да вршат обуки и да го пренесуваат знаењето на своите колеги. Костадинов вели и дека тимовите можат бидат ангажирани било каде во светот доколку има вакви несреќи и повредени. Инаку на Одделението за Физикална терапија во Штип се рехабилитираат тројца пациенти кои се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, а од утре ќе им пристигнат уште неколку пациенти

Back to top button
Close