Лекари и медицински техничари од Србија со авион пристигнаа во Македонија
Авион на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари полетал за Македонија за медицинска да преземе повредени од синоќешната несреќа во Кочани.
Предвидено е со овој авион да се преземат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.
Двајца пациенти со воени амбулантни возила веќе се пренесени на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. Тројца пациенти се превезуваат со брза помош и ќе бидат примени на ВМА.
Заради пружање помош на повредените планирано е во Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.