Лекари од општа пракса на приватни клиники во Франција стапуваат во штрајк

Лекарите од општа пракса во Франција утре ќе стапат во десетдневен штрајк, а министерката за здравство Стефани Рист изјави дека владата презела мерки за да обезбеди континуитет во здравствените услуги, пренесуваат денеска француските медиуми.
Лекарите на приватните клиники штрајкуваат првенствено во знак на протест против различни мерки во рамки на буџетот за 2026 година, поради кои се чувствуваат погодени, пренесува „Фигаро“.
Тие се незадоволни од заострената контрола во врска со отворањето боледувања, како и од мерките што им овозможуваат на властите еднострано да ги намалуваат надоместоците за одредени процедури, заобиколувајќи дијалог по ова прашање, наведува парискиот весник






