Лекари заминале на специјализација и никогаш не се вратиле

Воопшто не доаѓа на работа со години, зема редовно плата и држи лекарско место на Гинекологија. Овој апсурден случај е за лекарка од ГАК која во 2014 преку програмата на тогашниот министер Тодоров на државна сметка била пратена на специјализација во странски центар, објави Сител.

Од клиниката за Сител потврдиле дека како специјалист педијатар требало да се појави на работното место во 2019 година. Меѓутоа 3 години нема ниту трага ниту глас од докторката која за одењето надвор од земјата има склучено договор со Министерството за здравство.

Од Гинекологија правнички како што појаснија нема што да направат и постојано испраќале дописи до надлежното министерство, но без одговор. Според информации на Сител има и други вакви случаи за што има потврдат од надлежните институции.

Вкупно 25 лекари се упатени на специјализација во странство и тоа:

13 во Р Србија

6 во Р Хрватска
4 во Р Словенија

1 во Р Германија

1 во Велика Британија

Од нив 4 не се вратени во државата (три што биле упатени на специјализација во Словенија и 1 во Германија).

– Во евиденцијата на МЗ има известување дека им е раскинат работниот однос на 3 лица од страна на самите јавни здравствени устави – велат од министерството.

Нејасно е како биле раскинати договорите и дали докторите кои го заобиколиле овој пат ќе ги вратат парите дадени за нивното образование, но и што некои земале плата без минат труд.

Пред 8 години, Тодоров со решенија од Министерството за здравство испрати 25 лекари на специјализации и субспецијализации во неколку земји со цел болниците да добијат постручен кадар. Тие што се вратиле продолжиле со работа, а условот е неколку години по доусовршување на знаењето да останат во државното здравство.

Back to top button
Close