Лекарот на Папата Франциск: „Во еден момент сфатив дека веќе ништо не може да се направи“
Папата Франциск почина во понеделникот по мозочен удар и срцева слабост. Ватикан објави дека погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота во 10 часот, а тој ќе биде погребан во базиликата Света Марија Мајор во Рим. Хирургот на папата Франциско и координатор на лекарите на Светиот Отец за време на неговата хоспитализација, Серџо Алфиери, се потсети на нивната прва средба, но откри и детали од нивната последна. Тој го виде папата Франциско во саботата по ручекот.
Тогаш, како што вели, Светиот Отец му рекол: „Јас сум многу добро, повторно почнав да работам и добро ми е“. Хирургот истакнува дека се согласил да се сретне со папата во понеделник.
Во понеделникот наутро Алфиери добил повик дека здравствената состојба на папата е влошена, и дека мора да се врати во болницата.
„Ги предупредив сите во болницата, и веќе за 20 минути бев таму. Влегов во неговата соба и му ги видов очите отворени. Забележав дека нема проблем со дишењето, и почнав да му зборувам, но не реагираше. Не реагираше ниту на дразбите, дури и на оние болните. Во тој момент сфатив дека веќе не може ништо да се направи. Беше во кома. Најблиските знаеја дека тој сака да почине дома“, рече Алфиери.
„Првиот пат го сретнат во 2018 година и имав голема емоција. Бев хирирург консултант во Ватикан, и тој не покани да присуствуваме на миса во Санта Марта. Беше како парохиски свештеник, држеше проповед, а потоа на крајот излезе од црквата и ги поздрави сите. Две години потоа почнува да се чувствува многу лошо. Папата мораше да оди на операција, но тоа мораше да остане тајна“, се сеќава Алфиери