Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски: Докторската професија налага високо етичко и морално однесување
Лекарската комора на Македонија со загриженост ги следи информациите поврзани со докторот Игор Кузмановски и укажува дека докторската професија има специфична дименизија која налага високо етичко и морално однесување.

Ова е ставот што Лекарската комора денеска го сподели со медиумите, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.
Кузмановски, кој во август беше назначен за директор на Клиниката за неврохирургија како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, вчера, по објавата на видеото, веднаш беше разрешен од функцијата од страна на министерот за здравство Азир Алиу.
велат од Лекарската комора.
Оттаму додаваат дека органите и телата на Комората ќе го разгледаат конкретниот случај и информациите поврзани со него и ќе постапат согласно своите надлежности.
Според Статутот на Лекaрската комора, Судот на честа е органот кој на барање на обвинителот на Комората расправа и одлучува за одговорноста на членовите на Комората за сторена повреда од етичка и од професионална гледна точка и за повреда на Кодексот на медицинската етика и должности, при што може да изрече опомена, јавна опомена, парична казна, како и времено или трајно одземање на лиценцата.
Обвинителот, пак, има право и должност, според член 38 од статутот на Лекарската комора, да поведуваат постапка против член на Комората за кој постои основано сомневање дека го повредил Законот, Статутот или Кодексот на медицинската професија, објави телевизијата Телма.
Вчера на социјалните мрежи се појави скандалозно видео во кое се гледа како Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице кое најверојатно го снимало видеото.
Набрзо по ескпресното разрешување од страна на министерот за здравство, д-р Кузмановски се огласи на социјалните мрежи, каде напиша дека се кае и се извини за постапките, кои, како што наведе, биле во момент на слабост и во време пред да биде назначен на директорската функција.
Во врска со случајот реагираа и партиите. Синоќа се огласи владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е д-р Кузмановски, од каде што рекоа дека ја поддржуваат одлуката тој да биде разрешен од функцијата, како и дека немаат сомневање оти јасно и недвосмислено институциите треба да постапат согласно законот и утвредните процедури
Во врска со случајот реагираа и партиите. Синоќа се огласи владејачката ВМРО-ДПМНЕ, чиј кадар е д-р Кузмановски, од каде што рекоа дека ја поддржуваат одлуката тој да биде разрешен од функцијата, како и дека немаат сомневање оти јасно и недвосмислено институциите треба да постапат согласно законот и утвредните процедури