Лекарската комора ќе пресече дали имало лекарска грешка во случајот со 41 годишната пациентка во Штип

Петчлена комисија од Лекарската комора ќе заседава денеска или утре и ќе одбере медицински професионалци кои што ќе одлучат дали имало лекарска грешка во случајот во кој што почина 41 годишна пациентка во штипската болница, откако семејството обзнани дека пациентката пред да почине не успеала да добие никого на телефонските броеви за повикување лекар или сестра, а побарала и боца со кислород, дознава Слободен печат.

Претседателката на Лекарската комора на Македонија, доктор Калина Гривчева Старделова за „Слободен печат“ потврдува дека во петокот до нив стигнало барање од Министерството за здравство за стручен надзор на случајот. Бидејќи предметот има итност, Лекарската комора ќе заседава веднаш, а доколку не успее да донесе стручно мислење врз основа на наодите од здравствениот инспекторат, тогаш медицински лица ќе отидат во штипската болница на инфективното одделение да ја согледаат состојбата за конкретниот случај и ќе донесат одлука.

Back to top button
Close