Лекови во аптеките – само на приватно: Падна системот

Уште од вчера попладне врската меѓу аптеките и Фондот за здравство е во прекин.

Лекови има само на приватно, аптекарите не може да издаваат лекови кои се на товар на Фондот.

Од Фондот за здравствено осигурување, за „А1он“ потврдиле дека има прекин но грешката не била кај нив.

„Прекината е врската и се работи на нејзино повторно воспоставување, но не е кај нас, туку во „Мој термин“. Утрово се слушнав со колегите оттаму, само кусо ми кажаа дека проблемот е кај нив“, изјавил Сашо Станчески, директор на секторот информатика во Фондот за здравство.

А пак од  Управата за електронско здравство објасниле дека проблемот бил надминат и врската со аптеките била повторно воспоставена, пренесува „А1он“.

Back to top button
Close