Ленче Ристоска не доби извинување за дискриминацијата при унапредување, експретседателот на Советот на јавни обвинители ќе ја тужи Антидискриминациската комисија

Членот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, кому Комисијата за спречување и заштита од дискриминација му препорача јавно да ѝ се извини на обвинителката Ленче Ристоска зашто ја дискриминирал и ја ставил во понеповолен статус од останатите обвинители, нема намера да го стори тоа, пренесе СДК.

Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД)за СДК изјавиле дека во рокот од 30 дена кој истече, не стигнало известување од Јолевски дека постапил по препораката.

Според законот за заштита и спречување од дискриминација, непостапување по препораките на Комисијата, повлекува последица пријава пред надлежен суд против тој што не постапил, и парична казна.

повеќе

Back to top button
Close