Ленин Јовановски: ЕУ е како „Ноќни волци“, ќе влезеш само под наши услови

Во нашиот Устав има повеќе малцинства, дали ќе има уште едно или две е помалку важно, вели претседателот на мото-клубот „Ноќни волци“ и директор на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, коментирајќи го прашањето за уставните измени во дебатната емисија „Само вистина“.

Според него, она што е спорно е дали Бугарија ќе постави нови услови.

-Не знаеме што Бугарија ќе побара понатаму. Ако е ова лимитот нека потпишат политичарите и ајде да влеземе во ЕУ. Но ова е капка во морето, според мене ќе има други барања. Ќе речат после „Ставете го Пендиков за претседател или премиер, како знак на добра волја“, и тоа може смешно да биде. Тоа е слабост на нашата дипломатија – рече Јовановски.

Според него Македонија треба да влезе во ЕУ и да ги изгласа уставните измени со кои се во Уставот ќе се вметнат Бугарите како малцинство.

-Еве ќе ви кажам како ние во „Ноќни волци“, мала парлалеа со ЕУ, може да влезеш под наши услови, ќе слушаш и ќе влезеш. Ако нашите сакаат во ЕУ, како ќе кажат од таму така треба да правиме, нека гласаат за уставните измени ако сакаат во ЕУ. Определбата наша е дека ние припаѓаме во Европа, и нормално е нашата политика да тежнее таму – рече Јовановски.

Back to top button
Close