„Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“, монографија за композиторот Кире Костов
Во Битола вечер ќе биде промовирана монографија посветена на македонскиот композитор Кире Костов, која авторите Марко Коловски и Снежана Чадиковска Атанасова ја насловија според една од многуте хит песни „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“.
Маестро Кире Костов (1949-2023), автор на над 700 песни, првите чекори во музиката ги направи во родниот град Битола и се дел од колективното паметење на Македонија, најавија организаторите на промотивниот настан што ќе се одржи во битолскиот Офицерски дом.
Монографијата претставува сведоштво за неговиот творечки опус почнувајќи од првите композиции, преку долгогодишната работа во Танцовиот оркестар на МРТ, до неговите најпознати македонски песни