Летен фестивал на книгата во ТРИ

Од денеска почнува Летниот фестивал на книгата во ТРИ и ќе трае се до 20.08. годинава.

Под слоганот „Секоја страница – нова станица” во сите книжарници на ТРИ и на  kniga.mk ве очекува понуда која ќе ви овоможи што е можно повеќе книги под дебелите сенки, на песочните плажи, во шумите или насамо во срцето.

Многу нови наслови кои ќе пристигнуваат во текот на фестивалот, големи попусти до 70 % и количинскиот начин за добивање што е можно повеќе книги.

„Се случи едно лето” од Теса Бејли и „Прекрасен свету, каде си” од Сали Руни се два долгоочекувани светски книжевни хита што ќе бидат дел од новитетите. „Хроника на птицата навивалка” ќе биде сместена во одделот од домашната библиотека кај името на Мураками, додека „Заложници”, „Кутија со сенки” и „Девојките што горат” чекаат во отсекот за трилерите да ве наежат од глава до петици. А во едицијата популарна наука и психологија, „Телото памети” и „Храброста да се биде свој” ќе заблескаат подготвени да ви подарат позитивни вибрации.

Back to top button
Close